Водителката на хит-емисијата во регионот која ние ја гледаме на Сител, Наташа од Практична жена, изјави дека е со широки и модерни сфаќања и дека и се допаѓа што сопругот имал многу авантури со жени.
– Мене ми е важно партнерот да поминал многу пред бракот, за да се смири, истакна таа.
Иако некои не сакаат да слушаат такви нешта за партнерите, таа вели нема проблем со тоа.
Наташа Павловиќ во препознатлив амбиент на студиото угостила бројни јавни личности, а кога камерите ќе се исклучат таа најмногу сака да се опушта во топлината на нејзиниот дом.
Како и во емисијата, Наташа и во нејзиниот дом најмногу време поминува во кујната, која е модерно уредена.