Брашното се користи за многу други намени, освен само за готвење.
Иако звучи чудно, се користи и за чистење. Ако некоја површина во кујната ви лепи, се што ви треба е брашно.
Ставете брашно на лепливите делови и истријте.
Делува додека маснотијата и лепливата површина е тазе, а не на исушена.
Содржината на брашното е всушност фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб.
Најчесто брашното се произведува од пченица, па зборот „брашно“ без означување на видот подразбира пченично брашно. Освен од пченица, се изработува и од пченка, ‘рж, јачмен, овес, наут, костен, просо, ориз и др. Тоа се прави и од незрнести култури – соја, компир, елда, тапиока, кикирики, бадем и сл. Грубо мелените плодови се нарекуваат гриз (понекогаш и крупица).
Пченичното брашно е едно од најважните намирници во европската и американската култура и важна состојка во многу видови на леб и тесто.
Пченичното брашно содржи белковина наречена глутен, која му дава на тестото еластична структура.