Ќе летаат тужби: Се огласи Јелена Карлеуша (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша денеска првпат јавно се огласи по повод скандалот кој ја следи изминативе недели.

По овој повод Карлеуша најави правна битка против медиумите кои според неа, ширеа лага за нега и нејзиното семејство.

Во видеото, во кое се гледа како таа седи на маса полна со документи, пејачката изјави:

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавено од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг или член на моето семејство, се апсолутна лага и измислица. Пред мене стојат потпишани правни полномоштва за 120 српски медиуми поради страшна нечовечка медиска антикампања и линч. Удрија на моето име, достоинство, моето семејство, на моите деца, маж, татко, мајка“, и додаде дека ќе го тужи и Огњен Врањеш, бидејќи е соучесник во аферата, ширејќи лаги.

Јелена исто така вели дека сите добиени пари во судскиот спор ќе ги донира.

-Сите пари кои ќе ги добијам од тужбите, покрај парите кои мојот сопруг и јас веќе со години ги даваме во хуманитарни цели, како што е добро познато, јавно ќе ги подарам на најзагрозените групи во Србија.

Видеото погледнете го ТУКА.