Слаб снег провејува на граничниот премин Деве Баир и на Попова Шапка, додека во западниот дел на земјата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Од ЈП „Македонија пат“ соопштија дека во останатите делови од Републиката коловозите се претежно суви.
На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Променливо облачно време, со ветер што наместа ќе достигнува 80 километри на час, со локален слаб снег ќе има и утре во земјава. Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потполно време.
Умерен до засилен ветер од северозападен правец ќе има и попладнево кој вдолж Повардарието ќе достигнува до 70 километри на час.
Утре минималната температура ќе се спушти до минус седум во Маврово, каде ќе остане во негатива и максималната ќе биде минус пет степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до минус еден, а највисока ќе биде во Гевгелија до два степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до седум степени.
Најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура ќе биде секаде под нулата и ќе се движи од минус девет и минус два. Во петок ќе биде од минус шест до два, во сабота од минус осум до еден, во недела, исто така утринската секаде ќе биде под нулата во интервал од минус седум до минус еден и од минус четири до плус три.
Дневната ќе се движи во четврток од два до девет степени, од еден до осум, сабота од четири до 11 степени, во недела од седум до 14 и во понеделник од осум до 15 степени.