Да биде еден човек културен, не е доволно да чита популарни романи и да оди во во театар. Тој мора деноноќно да учи, да се надградува, да учи, да работи.
Вака пишуваше Антон Павлович Чехов еден од најпопуларните руски писатели за кој се мисли дека е мајстор за кратка приказна.
Според него животот има свои услови. За човекот да биде прифатен помеѓу образованите луѓе мора да биде културен. Тој има составено список за својот брат за тоа кои услови ги исполнуваат кутурните луѓе.
1. Тие ја почитуваат човековата личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и секогаш се подготвени да им помогнат на другите.
2. Сочувствуваат со сите, не само со оние што просат и со уличните мачки . Се грижат и за невидливи работи, и секогаш се подготвени да им помогнат на другите.
3. Го почитуваат туѓото и затоа секогаш ги враќаат своите долгови.
4. Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат ни кога станува збор за ситници. Лагата го вреѓа соговорникот и истовремено го понижува. Се однесуваат исто во својот дом, исто и на улица. Не се прават важни пред своите скромни пријатели. Од почит кон другите повеќе молчат одколку што зборуваат.
5. Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат на картата „нечие сочувство“ како би биле во центар на внимание. Не викаат „мене никој не ме разбира“, или „На никој не му е гајле за мене“ затоа што тоа се ефтини и вулгарни трикови.
6. Немаат плитка суета. Не им е гајле за лажните вредности, познанствата со познати личности, ниту се трудат самите да бидат познати. Доколку направат нешто важно, не прават никаков спектакл околу тоа.
7. Ако имаат некој талент го почитуваат. Поради него жртвуваат одмор, романси, добри моменти и суета. Се гордеат со својот талент, но и секогаш му се посветени.
8. Имаат развиено чувство за убавина и за естетика. Не легнуваат во кревет со облека на себе, секогаш оддржуваат хигиена.
Склони се кон оригиналност, отменост, човечност се воодушевуваат на мајчинските инстинкти. Ретко се опиваат, пијат алкохол само во посебни прилики.