Браво за доктор Ридван Бајрами – Хирург работеше 27 часа непрекинато за да им помогне на повредените лица од вчера

ИЗВОРСкопје24
|

Лекарите и медицинскиот персонал цела ноќ дежураа, а многумина од нив иако не повикани самите доаѓале и се пријавувале за да работат и да помогнат што е можно повеќе. Вчерашната ситуација ја разбуди хуманоста кај луѓето во целата наша држава.

Случката ги обедини сите, од пријатели, до граѓани и медицински персонал, ноќеска сите беа пред болницата 8-ми септември. Веднаш биле повикувани лекари, сестри и болничари а многумина и самоиницијативно доаѓале на помош. Еден од нив е и доктор Ридван Бајрами кој на работа беше 27 часа.

„На работа сме повеќе од 24 часа, вчера бев дежурен – шеф на екипата, после 4 часот се јавија од Брзата помош дека се случила несреќа. Брзо тимот се организира, беа известени сите екипи. Службата за информации работеше, некои колеги кои не беа информирани доброволно дојдоа. Хуманоста од страна на лекарите и од страна на медицинскиот персонал, болничари и административци беше на највисоко ниво.“ – вели Бајрами.

Уште еден херој од вчерашната ноќ е и Кемал, кој несебично им помагал на роднините насобрани пред болницата 8 Септември и цела вечер сам им делел топол чај и храна.

„Дечки, Кемал СК е нашиот херој од минатата ноќ! Самоиницијативно отиде пред болница и цела ноќ делеше чај и кафе на сите роднини кои беа насобрани пред болницата Ургентен центар 8 Септември во исчекување на вест за своите најмили. Дечково е познат хуманитарец и секогаш излегува прв за сѐ“ -напиша Верче Крстевска на својот фејсбук профил.

Таа вели дека Кемал вечерва повторно ќе биде таму со неговите пријатели кои му помагаат во ова несебично дело.

-Затоа ќе го замолам јавно, вечер да постави една кутија на масата каде што дели помош и сите ние да поминеме и да оставиме по некој денар. Знам дека ова го може и сам, ама не сакам да биде сам, сакам сите да му помогнеме. Дечково делеше кафиња, сокови, чаеви, гевреци… – повикува Верче.

Таа вели дека на некои од повредените состојбата е ужасна и нивните најблиски не мрдаат од пред болница. Изгубени и очајни, ноќеска го имале само Кемал се грижел за сите нив.

-Кемал еден – стана за сите нас, да застанеме вечер сите ние за него! Дечково цела ноќ беше пред болница, се до 16 часот. Вечер повторно ќе биде таму од 19 часот. Кемал ја заслужува целата наша поддршка и почит! Поминете и донирајте!

Decki, Kemal Sk e nasiot heroj od minatata nokj! Samoinicijativno otide pred bolnica i cela nokj delese caj i kafe na…

Gepostet von Verce Krstevska am Donnerstag, 14. Februar 2019