Се јави херојот Кемал: Вистинските херои се жителите на Ласкарци

ИЗВОРСкопје24
|

Откако девојка преку фејсбук ја раскажа приказната за Кемал кој вчера несебично им помагал на насобраните семејства и роднини пред болницата 8 Септември со тоа што им делел топли чајчиња, вода и храна и повика вечерва сите да помогнеме, се јави и самиот Кемал. Вели тој не бил вистинскиот херој, вистинските херои се жителите на Ласкарци кои излегле веднаш и несебично им помогнале на сите во автобусот, па со тоа спасиле и многу животи.

„Правите херои се жителите на Ласкарци
Драги мои сограѓани, ви благодарам за поддршката што ми ја давате, сакам да напоменам дека моментално пред болницата се наоѓаат околу 30-тина роднини и пријатели на повредените, така што нема потреба за храна, вода или било што, роднините доаѓаат во смени и се пред болница, а покасно се во ходникот во самата болница поради студеното време“ – напиша Кемал на фејсбук.

Pravite heroi se zitelite na Laskarci Dragi moi sogragjani vi blagodaram na podrskata sto mi ja davate, sakam da…

Gepostet von Kemal Sk am Donnerstag, 14. Februar 2019