Сопругата турскиот глумец Бурак Озчивит, во јавноста познат како Бали – Бег заврши во болница во седмиот месец од бременоста.
Имено глумицата Фахрије Евџен поради грип мораше да го прекине одморот и да се врати во Истанбул. Фановите на познатиот пар беа многу загрижени, и пред болницата се молеа се да пројде во најдобар ред.
Турските медиуми ја критикуваа глумицата Фахрије Евџен поради нејзиното невнимание во текот на бременоста. Имено турските медиуми велат доколку редовно пиеш лекови, сирупи, да водиш сметка на тоа што јадеш до грип не би дошло.
Познатата глумица Фахрије Евџен од планина постави фотографии, каде што фановите и медиумите можеа да приметат дека е лесно облечена на минусни температури. На една од фотографиите Фахрије се гледа дека е невнимателна и на снег е излезена без ракавици, што многумина проценија дека тоа е причината за грипот.
Подготви: Ф.И.