УЈП РАСПРОДАВА: автомобили за 1.150 евра, телевизори за 100 евра, компјутери за 80 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за јавни приходи преку јавна аукција ќе продава движни и недвижни предмети. Право на учество ќе имаат сите оние кои ќе се регистрираат и ќе уплатат депозит во висина од 10% од утврдената вредност најдоцна до 19 (вторник) февруари.

Стварите ќе се продаваат по систем видено-купено, а дополнителни рекламации нема да се примаат. На распродажбата се нудат автомобили како Ауди 80 за 70.000 денари, Опел Корса за 74.000 денари и Мерцедес за 83.300 денари.

На аукцијата ќе се наддава и за камини, телевизори, компјутери, монитор и маси.

Целoсната листа на предмети кои ќе бидат дел од аукцијата можете да ја погледнете на официјалната веб страница на УЈП ТУКА.

Управата за јавни приходи пред неколку дена истот така ја објави и Листа на должници бр.02/2019 за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се наоѓаат должници за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).

Листата на должници бр.02/2019 можете да ја погледнете тука.