Една од линиите Гостивар-Скопје, на меѓуградскиот превозник „Дурмо турс“ денеска не излезе од Гостивар поради наводен дефект на автобусот, пренесува „Алфа“ телевизија.
Според информациите на очевидци кои сведочеа пред камерата на „Алфа“, автобусот откако тргнал од автобуската станица, на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, дошло до блокада на задното тркало, а на асфалтот имало и трги од кочење.
Компанијата „Дурмо турс“ денеска не работи.
Гледачите на Алфа телевизија им испратија и фотографија од луѓе како излегуваат од автобусот на Дурмо турс.
-Среќа што денеска не се случи најлошото, пишува во коментар на Фејсбук на очевидец.