Сопругата на еден од патниците во автобусот, Моника Наумоска на Фејсбук им се заблагодарува на двајца мештани Неџат Амети и Рами Пајазити кои први помогнале при извлекувањето на луѓето од автобусот.
Тие се вистински херои кои го спасиле и нејзиниот сопруг, со тоа што скокнале од патот за да им пријдат на патниците. Еден од нив и си ја скршил раката, но продолжил со спасување.
Таа сеуште е во болницата 8 Септември поради нејзиниот сопруг кој за среќа заздравува, но денеска имала една необична случка, која ја раскажа на социјалните мрежи и со тоа предизвика многу позитивни коментари.
-Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца-мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повредениот. Таткото ми рече: „Синот се оперира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повредените. Не можеше да претпостави во мракот дека е високо 4-5 метри. Ја скрши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настраданите заедно со мене. Им покажав слика од маж ми и рече: Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа.
Благодарна сум на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и хери: Нехат Амети и Рамзи Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата. Благодарна сум им и на сите што помогнале не штедејки се себеси, напиша Моника Наумоска.
Додека емоциите на сите сеуште ни се на високо ниво, голем број на граѓани се јавија со свои приказни и ги посочија големиот број на вистински херои кои несебино дадоа се од себе за да помогнат на секој можен начин во претходните два дена.
Поркај оние кои што на лице место беа и помагаа, мора да се спомене и големиот лекарски тим кој повеќе од 24 часа работеше и им помагаше на овие луѓе, на големиот број на скопјани кои се понудија да им помогнат со сместување на роднините и пријателите на најзагрозените, како и на оние кои им даваа топол напиток, вода и храна на оние кои чекаа пред болниците.
Еден од нив е Кемал кој две вечери по ред беше пред 8 Септември им делеше топол чај, кафе, вода и храна на оние кои не сакаа да се одалечат од своите најблиски, па ноќите ги минуваа пред самата болница. Голем број на граѓани го пофалија неговиот потег и вчера дојдоа и тие да му помогнат, и да направат добро дело.