Таљат Тони Селмани, пензионерот кој ги критикуваше своите врсници дека многу се жалат на болки и сликовито им препорача да вежбаат, за краток период стана хит во регионот. Тони повторно почна да ги кажува „своите бисери“ , овојпат стана доктор за љубов.
„Никогаш не дозволувај жена да ти го плати пијалокот. Биди маж! Повели злато, јас честам. Па и нека ти биде последниот денар! Жените сакаат кављери. А сакаат и малку да си богат“ сигурен во себе беше Тони.
Од друга страна им порача на дамите обавезно да се дотераат толку добро што нема да се познава кој подобро изгледа, они или нивниот партнер.
„Нека ве видат луѓето колку добро изгледате, а вашите грижи и расправии оставете ги дома“ советува Тони.
Љубов, среќа, лепота сето…овие работи котираат високо на приоритетната листа на Тони, што стана очигледно и кога прозборе за жената на неговиот живот.
„Јас кога ја видов сопругата, најубава на свет, веднаш прекинав со сите други. Си реков на себеси, „Оваа ми е последна, фала му на Господ“. И така е до ден денес, во брак сме повеќе од 50 години. Да ја видите мојата жена има повеќе од 70 а никој не би и дал 50.Денеска да бидеш среќен е реткост. Други времиња се“, објаснува Тони.
Љубовта е нешто најубаво во животот. Да сакаш и да бидеш сакан, нема нешто поубаво на светов. Кој има љубов, болест за него не постои. Љубовта лечи буквално се. Љубовта во животот ти дава се, и здравје и среќа и сила„ завршува Тони.
Подготви: Ф.И.