Човекот е социјално суштество и во природата ни е да тежнееме да се дружиме со други луѓе. На различни начини вклучени сме во друштво и заедниците во коишто живееме, а на кој начин можеме ова да го унапредиме ни открива психотерапевтот Милица Зарин.
Меѓусебно се разликуваме по дружбата или отвореноста кон другите личности. Некои луѓе уживаат во својата самотија, затвореност, потешко комуницираат со другите и не се во состојба да остварат стабилна социјална врска. Екстровертните личности сакаат друштво, отворени се кон другите, лесно се спријателуваат и константно ја шират својата социјална мрежа.
Комуникација со другите
Дали ни се допаѓа тоа на нас или не, некои работи можеме да ги направиме сами, но поголемиот дел од нив не можеме без разлика на својата желба и воља – потребна ни е помошта од другите луѓе. Емотивното задоволство и исполнетост во голема мера зависат од социјалните мрежи кои сме ги изградиле околу себе. Други луѓе можат да ни пружат утеха, разбирање, убав збор, но исто така можат да не навредат, да ни покажат агресивност и негативни емоции. Во приватниот живот имаме право да бираме со кого ќе го поминуваме времето. Бираме другарки, другари, партнери. На работното место ситуацијата е различна. Поголемиот број на колеги и колешки ние не сме ги бирале и не би поминувале време со нив доколку не е работата. Некои од нив сепак се добри пријатели и позитивно влијаат на нас, додека останатиот дел не полнат со негативна енергија.
Бидете колегијални
Голема уметност е да успееш да се прилагодиш и да се вклопиш во кругот кој ти го нуди работното место, а притоа да бидеш успеше, позитивен и функционален. Општата атмосфера на работата е многу важна за секој поединец, но исто така е добра и за продуктивноста на фирмата. Задоволството на работа претставува важен критериум во во функционирањето на поединците, а со самото тоа и на целата работна организација. Позитивната атмосфера во тимот е важна долготрајна стабилност и за успех. Многу е важно почитувањето меѓу колегите, т.е позитивната атмосфера во тимот. Позитивната енергија на работното место е извор на задоволство и среќа.
Негувајте ја позитивната атмосфера
Од друга страна негативната атмосфера предизвикува ограничени односи, каде што целиот потенцијал на работниците не може да дојде до израз што е лошо за целиот колектив. Тука нема победник, сите се губитници . Лошата атмосфера предизвикува конфузија и паника меѓу вработените, грешките стануваат редовност и продуктивноста е помала. Доколку сте во фирма каде што владее лоша атмосфера морате да си поставите јасни граници со колегите и на тој начин да се заштитите себе. Не смеете да дозволите негативната енергија да влијае на вашето расположение, бидејќи работата е само е само еден аспект од животот. Вложете време, внимание, енергија во односите со вашите колеги. Така во иднина сите ќе профитираат.
Подготви: Ф.И.