Во првиот круг, Елена Миленковска доби критики за нејзиното пеење и грешки, меѓутоа Ана Бекута прифати да биде нејзин ментор.
Миленковска во вториот круг се појави на сцената на „Гранд“ и со својата изведба го воодушеви жирито.
Таа се претстави со песните „Како после нас“ од Саша Ковачевиќ и „Извини се“ од Марија Шерифовиќ.
Додека Миленковска ја пееше „Како после нас“, со неа заедно пееше и Карлеуша која беше на работ да се расплачеше.
Елена доби вкупно шест гласови и помина директно во следниот круг.
Жирито го пофали нејзиниот настап, а Јелена истакна дека има одлична дикција.
Инаку, Елена е од Скопје, а живее во Белград.
За потсетување Елена во еден од претходните кругови ги испеа песните „Не спомињи љубав“ и „Кошта ме“, а по нејзините изведби освои два гласа и тоа од Вики Миљковиќ и Ана Бекута.
„Има нешто што кај тебе на чуден начин ми се допаѓа. На моменти звучиш очајно. Немаш најдобра контрола на гласот. Првата песна ја отпеа многу убаво, мене ми се допадна. Имаш пејачки вештини“ изјави Бекута.
Марија истакна дека Елена знае да пее, но дека направила многу грешки.
Јелена иако не го даде својот глас и истакна што мисли за македонската кандидатка.
„Јас мислам дека ти не си за оваа работа“ истакна Јелена, а веднаш ја прекина Саша Поповиќ.
„Значи тука го имаме следниот случај – Ана сака да ја земе оваа кандидатка, Јелена вели дека не е за оваа работа. Имаме многу интересна ситуација, ќе видиме во следниот круг“ истака Поповиќ, а Карлеуша додаде:
„Мислам дека влегуваме во една фаза каде што можеме без маски и ракавици да зборуваме со сите вас, со години сме остри, а публиката е навикната да бидеме сурово реални. Публиката знае дали некој нешто ќе направи. Кога ги гледаш овие луѓе кои седат во студиото и немаат никаква реакција…“ вели Карлеуша, а Поповиќ застана во одбрана на нашата кандидатка истакнувајќи дека на првата песна добила аплауз.
„Па, добро доби аплауз затоа што тие се платени“ вели Карлеуша, а Снежана и порача да не биде безобразна.
„Според нас таа отпеја многу убаво. И никој од жирито да не те земеше, ќе те земевме ние“ изјави Поповиќ.
Карлеуша повторно удри по Миленковска велејќи дека нема харизма, нема енергија и дека е – 0, но сега изгледа го промени своето мислење.
Од друга страна и Вики Миљковиќ имаше позитивен комантер за Елена, а Карлеуша иако мисли дека оваа кандидатка не е за пеење, единствено може да напраив кариера доколку таа и биде ментор.
Вистина.мк