ПВЦ столаријата е најчест избор, бидејќи лесно се инсталира, а и најдобро ја задржува температурата во домот. Но, при поставувањето мајсторите обично не ви кажуваат некои битни работи. Поентата е што во различни временски периоди потребно е да го промените начинот на „одржување“ на прозорите.
Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот на страната каде се наоѓа рачката, па подесете го помош на инбус клуч. Шрафот кој се наоѓа од страната свртете го кон внатре, при што ја регулирате силата на потисок на прозорската рамка.
Кога мајсторите ги поставуваат прозорите, најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден режим. Ако не сте сигурни во кој режим се вашите прозори и врати, едноставно притиснете парче хартија со прозорската рамка.Ако без проблем можете да го извадите, наместен е на летен режим, а ако се искине при вадењето тогаш е на зимски режим.
Не е пожелно да ги оставате вратите и прозорите на зимски режим цела година, бидејќи се оптеретува гумата на рамката и брзо се троши. Деталите погледнете ги во видеото.
ПВЦ прозорот треба да е функционален најмалку 30 години
Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна. Прозорот може да биде украс во просторот и да му даде посебна димензија, но најважно е да овозможи изолација, а со тоа и комфор во домот. Uw= 1.0 W/m2K е бројка која означува коефициент на топло пропустливост и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори.
Затоа од особена важност е на кого ќе ја дадеме довербата, и ќе бидеме сигурни дека и после многу години изведувачот ќе биде уште присутен на пазарот за да може да ни ја обезбеди гаранцијата и да ни ги сервисира прозорите доколку има потреба.