Гордана Шаулиќ сакала да го посвои неговиот вонбрачен син Роберт, пишуваат српските медиуми. Роберт за кој Шаулиќ претходно изјави дека е дете кое не е направено од љубов, привлече најголемо внимание на погребопт на познатиот пејач.
Во тоа ја спречила Невенка Продановиќ, мајката на Роберт. Место понудата за посвојување, Продановиќ наводно земала 100.000 германски марки од Шаулиќ, и со нив купила куќа во близина на српскиот град Зрењанин, пишува босанскиот портал „Аваз“.
„Тоа беше во 1978 година, Шаба и Гоца ѝ дадоа на Невенка 100.000 марки и за тие пари таа купи куќа“, вели соговорникот на „Аваз“ и додава дека Гордана не му дозволувала на Шабан да го види својот син. „Тоа се лаги и измислци“, изјавил покојниот пејач во претходно интервју.
Ми беше многу тешко кога ми рече: „Стрико, ќе влезам во капелата да ѝ изјавам сочуство на Гоца, на сестрата и на браќата“, изјави по погребот на познатиот пејач, неговиот братучед, Хасан Дудиќ.
Роберт исто така прозборел за односот со својот татко и вели дека му ги простил сите грешки. Според него, Шабан поради семејството не сакал да има никакви контакти со вонбрачниот син.
„Во шок сум, верувајте. Не можам да си дојдам на себе. Не сум во состојба да зборувам, многу ми е тешко. За заминувањето на татко ми дознав од порталите, а ми јави и сестра ми. Кога разбрав дека е вистина, ми се слоши. Тој беше мој татко, и иако не бевме во контакт никогаш не сум имал лошо мислење. Немав воопшто дилема дали да дојдам овде“, раскажал Роберт за „Телеграф“.
„Со татко ми не сум се видел со години, а сега се простив од него. Што било, било, сѐ му простувам,и тоа што ме остави, разбирам дека семејството му беше на прво место“, рекол Роберт и додал дека потоа не се слушнал со сопругата и со децата на својот татко. „Болката е голема, но јас никогаш не сум бил во контакт со сопругата на татко ми и со неговите деца“, додал тој.
Покојниот Шаулиќ за прв пат прозборе за вонбрачниот син пред четири години.
„Го направив во младоста, тој не е дете од љубов. Искрено, никогаш не сум направил тест за да докажам дали тој навистина е мој син. Сепак, плаќав алиментација до неговата 18 година, но не го гледам“, изјави Шаулиќ тогаш.