Со промени на законите во Германија, ќе се овзможи „увоз“ на работници, така што газдата нема да има потреба да докажува дека на пазарот на труд во Германија нема таков кадар.
Планска регрутација во земјата имало уште во 60-те и тоа врз основа на договор со Турција, а потоа и со бивша Југославија.
Дел од овие имигранти отишле во пензија, а дел се вратиле во својата земја.
Некои од овие луѓе се вратиле во своите земји кои во меѓувреме станале просперитетни, а дел од луѓето кои се вистински професионалци, искуството од Германија го искористиле да заминат во трети земји и добро да заработат.
Со законот за доселување ќе се олесни вработување на работници кои не се со германско потекло. Странците кои знаат германски јазик и можат да се издржуваат, во Германија ќе можат да останат 6 месеци.