Игор Џамбазов доживеа многу убаво изненадување кога ја отвори влезната врата од својот дом.
– Имате најголема поддршка од нас. Вие сте едни од ретките луѓе што останаа на македонската сцена. Ве сакаме и почитуваме премногу и продолжете така. Поздрав до Емче“ пишува на едното ливче.
Игор со овој гест се пофали на „Инстаграм“, а веднаш под објавата следеа позитивни коментари.
„Се враќаш дома после часови проведени надвор и пред вратата го наоѓаш ова. Срценце за мене, а топчиња за да си игра Емче. Деца, кои и да сте – Ве обожавам„ напиша Џамбазов на „Инстаграм“.