Пејачот Хасан Дудиќ, кој му е прв братучед на Шабан Шаулиќ вели дека Шабан ќе немал скршена пара да не била неговата сопруга Гордана, која го стегала ременот.
Фолк пејачот открива дека кралот на народната музика сакал да троши многу пари на боемски живот, а Гоца била таа која му ги штедела заработените пари.
Беше широк, да не беше Гоца, прашање е дали ќе имаше нешто заштедено. Таа е заслужна што стекна имот што може да им го остави на децата, раскажува Дудиќ.
Тој објаснува и на што најмногу Шабан сакал да троши.
Беше голем боем и пријател. Никогаш на никој не му дозволуваше да плати сметка во кафеана, без разлика со кого седи. Порано само што ќе влезевме во кафеана, од врата знаеше на музичарите да им даде по неколку стотини марки бакшиш за да пеат што знаат и умеат најдобро, а откако ќе заменеа гостите, го земаше микрофонот и пееше за наша душа, вели Дудиќ.
Сега инаку Гордана ќе добива и пари кои пејачот ги добивал од неговите песни, што годишно изнесува околу 80.000 евра, односно 6.000 евра месечно, пренесува Информер.
Имено, Шабан на својата сопруга ги препишал авторските и изведувачките права на неговите песни.
Пред некој ден некои од најблиските пријатели на Шабан, рекле дека кралот на народната музика имал тестамент кој го оставил на својот адвокат.
-Тестаментот е направен во семејната куќа на Шаулиќ во присуство на Гоца. Во него е наведено дека на сопругата ѝ остава вила вредна милион евра, во кој има доживотно право на уживање, после што ќе ја наследат внуците и децата. Покрај тоа, куќата во Крчедина ја остава на внуците, додека трите стана во Белград ги расподелил на трите деца – пишува Србија денес.
Покрај недивижнини, Шабан на својата сопруга и оставил и заштеда на нејзино име.
Дека Гордана беше неговата најголема љубов говорат и информациите дека пред само неколку дена популарниот пејач на народната музика на сопругата Гордана, со која беше во брак 43 години и честиташе роденден а под објавата сега многумина оставаат пораки за сочуство до семејството.
„Јас денеска ја подигам чашата за сите убави години кои се зад нас и за оние кои допрва ни доаѓаат. Среќен роденден, сакана моја Гордана“, напиша тогаш Шаулич , денеска на истата објава многу негови фанови не можат да поверуваат што се случило.
Со сопругата Гордана Шаулиќ беше во брак 43 години, освен 20 дена колку што беа разведени. Во младите денови Шабан често излегувал по кафани и пиел, а сето тоа сопругата тешко го поднесувала, па затоа во 1985 година побарала развод.
Минатата година и реков „Па може ако така сакаш“. Ми даде некои документи кој ги потпишав мислејќи дека се шегува. Меѓутоа кога се отрезнив сфатив дека била озбилна и дека навистина се разведовме. Со децата замина кај нејзиниот татко. Неможев да заспијам со денови, ми недостигаа, велеше тој.
Гордана потоа му даде втора шанса па повторно се венчаа, а набрзо после тоа автобиогравската песна „Гордана“ и ја посвети токму на неа. Што е доказ за големата љубов која ја имал кон сопругата.
Позади него останаа две ќерки, Илда и Санела и синот Михајло.