Славчо Попоски: Бранот од Африка лошо ќе влијае врз граѓаните – носи мачнина и спарина

ИЗВОРСкопје24
|

Топлиот бран кој ќе пробие кај нас во текот на новата недела која што ни следува и почнува од утре ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат рано – летни, особено од вторник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во најтоплите региони од државава пак истите се очекува да се искачат и до 25 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, токму поради ваквото јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

До крајот на денешниот ден пак има усли само за слаб локален и краткотраен дожд.

Биометеоролошките прилики во Македонија поради овој невообичаен топол бран ќе бидат релативно неповолни па така кај метеопатите е можна појава на главоболка како и повремена нервоза, можна е и појава на несоница и поспаност како и тежина на главата и телото, исто така поради зголемената влажност во воздухот има услови и за појава и на спарина.

Месец март како во најголем дел од Европскиот Континент па така и кај нас ќе биде потопол од вообичаеното, и покрај ова секако дека и понатаму има услови од северот и североистокот на Европа кон нашиот дел да се спуштат студени бранови кој би условувале зимски температури.

Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ