Папата Франциск во Скопје ќе седи на специјална столица и ќе го пречека Иванов

ИЗВОРСкопје24
|

Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов, кој на претседателската функција е до 12 мај, без оглед што во земјава претходно се закажани и претседателските избори.

Од Католичката црква од Скопје велат дека овие денови ја очекуваат програмата на Папата Франциск и дека ќе има голем број на верници кои ќе присуствуваат на молитвената литургија.

Според информации на Фактор, Папата Франциск ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на Плоштадот. Таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на столица која во Македонија се изработува само по тој повод. Потоа таа ќе остане во Католичката црква во Скопје. За таму, посебно за доаѓањето се прават две нови скулптури, едната на Свети Антон, а другата на Мајка Тереза.