Која е Бирнс, новиот амбасадор на САД во Македонија?

ИЗВОРСкопје24
|

За иден амбасадор кој ќе го замени Бејли, претседателот на САД, Доналд Трамп, лани во ноември ја номинираше Кејт Мери Бирнс. Станува збор за кариерна дипломатка со 25-годишно искуство, која во Скопје треба да дојде од позицијата заменик-амбасадор на САД во Атина. Претходно беше заменик-амбасадор на САД при ОБСЕ во Виена. Служела во американските дипломатски мисии во Шпанија, Боливија, Унгарија, Турција. Го водела и одделот за односи со јавност во мисијата на САД во НАТО. Има диплома и магистратура од престижниот Универзитет Џорџтаун.

Се смета дека и таа е одличен познавач на состојбите во земјава и регионот, не само поради што што беше на функција во Атина беше во токму времето кога се трасираше тешкиот пат до Договорот од Преспа. Имено, нејзиниот потпис го носат и голем број изјави и соопштенија од времето кога ја извршуваше функцијата заменик-амбасадор на САД при ОБСЕ во Виена, во периодот 2015 -2016 година, односно од „Пржино“ до окончувањето на политичката криза. Од Виена преку изјави и соопштенија таа го пренесуваше ставот на американската администрација за одредени состојби. Реагираше и за односот на патриските субјекти кои ја напаѓаа и спречуваа работата на СЈО, за одбивањето на претседателот Иванов да го даде мандатот на паралментарното мнозинство, како и осуда на насилстава во парламентот од 27-ми април 2017 година.

Посетата на Филип Рикер на Скопје има особено значење, ако се има предвид дека од 18-ти март тој ќе биде идниот помошник-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

„Дома сум“. Вака го најави пристигнувањето во Република Северна Македонија Филип Рикер, поранешниот амбасадор на САД во земјата од 2008 до 2011 година. Сега доаѓа како актуелен цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда сили на САД, но неговата посета има особено значење ако се има предвид дека од 18-ти март тој е идниот помошник-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Ова е прва посета на Рикер на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која во почетокот на годинава се повлече неговиот претходник, Вес Мичел.

Рикер во Скопје ќе учествува на конференција во организација на Маршаловиот фонд на САД. Претпладнето ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, а попладне со премиерот Зоран Заев, по што во 17 часот, во медија-центарот на Владата ќе имаат заедничка изјава.

Познавач на Балканот
Неговата идна функција со голем интерес ја третираат и регионалните медиуми, особено во соседните Србија и Косово, сопишувајќи го како „американскиот човек за Балканот“, „одличен познавач на односите во регионот“, „дипломат кој можеби ќе има улога и во сечењето на српско-косовскиот јазол“…

Како илустрација дека овие претпоставки не се без основа, ја посочуваат неговата професионална биографија: во 1999 година на функцијата представник за печат на амбасадорот Кристофер Хил, кој беше американски пратеник во преговорите во Рамбује, во 2003 и 2004 година портпарол на Стејт департментот, до 2007 заменик амбасадор на САД во Унгарија, амбасадор во Македонија од 2008 до 2011 година, а до 2013 и заменик на помошникот државен секретар за Европа и Евроазија.

И додека Рикер во Северна Македонија се чувствува како дома, од неа со порака на Твитер пред три дена се поздрави досегашниот амбасадор на САД во Скопје, Џес Бејли.

„Благодарам Северна Македонија за гостопримливоста, пријателството и љубезноста. До следен пат – се гледаме“, напиша Бејли, кој ќе се пензионира од работата во Стејт департментот по 34 години работен стаж.