Последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ ја одбележа настапот на 57 годишната Соња Муличкоска од Прилеп.
Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија.
Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“
Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила.
Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа.
Потоа, Соња заедно на сцената запеа и со нејзината ќерка и во дует ја отпејаа песната „Шеќерна“.
Додека двете Македонки растураа на сцената, сите прустни во студиото играа и се веселеа.
Целиот настап може да го погледнете подолу на 1ч и 42мин.
Вистина.мк