Исчезнала во вселената! Оваа тајна Русија ја крие со децении: Протекоа снимки од кои ќе ве полазат морници од ракетата и нејзините последни зборови

ИЗВОРСкопје24
|

Иако се шпекулира дека Русите ги чуваат снимките од голем број на „изгубени“ астронаути во вселената, тие тоа го демантираат.

Несреќата која што се случила уште на самите почетоци на вселенската трка помеѓу САД и СССР, се уште е мистерија за која нема конкретно објаснување. Сите најмногу се сеќаваат на успешната мисија на Американците и нивното слетување на Месечината на 21-ви јули 1969-та година.

Пред тоа, Русија, односно Советскиот Сојуз на 12-ти април 1961-ва година, успешно го испрати првиот човек во орбитата, Јуриј Гагарин. Набрзо пристигна и одговор од САД – беше испратен Алан Шепард. Тогаш трката и официјално се вжешти, па Русите се подготвиле за уште еден лет кој требало да го сруши рекордот на Гагарин.

Во целата операција која што била прикриена подоцна, од Советскиот сојуз имале намера да ја испратат првата жена во вселената. Во тоа време Американците имале само мал лет во суб-орбитата, додека Русите сакале да испратат свој астронаут „подалеку“.

Мисијата која што започнала со лансирањето на 16-ти мај 1961 година забележала 17 кругови околу Земјата. Лансирањето поминало добро, но кога требало да се влезе во атмосферата на Земјата, нешто тргнало наопаку, и ден денес не се знае што точно се случило.

Меѓутоа, снимките од нејзините последни моменти се прилично морничави. Русинката се обидела да стапи во контакт со контролата на летот на Земјата, меѓутоа, за жал таа не добила никаков одговор.

„Слушајте, слушајте. Зборувајте со мене. Овде е топло, многу ми е топло“, вели таа и во еден момент прашува дали тоа може да биде опасно, меѓутоа не добива одговор. „Многу е жешко, 32, 41. Гледам пламен, да, голем пламен. Ќе се срушам. Многу е жешко“, извикувала жената.

Во тој момент снимката се прекинува и повеќе не се слуша ништо. Се чини дека процесот на враќањето на Земјата тргнал наопаку, ракетата горела а со неа и жената внатре. Три дена подоцна, на 26-ти мај 1961-ва година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата.

Ракетата целосно изгорела, а телото не било пронајдено. За тоа никогаш не се зборувало во Советскиот сојуз, а и до ден денес, руската влада негира дека се случило такво нешто.