РЕМЕК ДЕЛО НАПРАВЕНО ОД МАКЕДОНЦИ: Православната црква Св. Стефан во Цариград е изградена од Македонци

ИЗВОРСкопје24
|

Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска Македонија.

Исто така, малкумина знаат дека во дворо на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и и црковни работници и од 19 век вво Македонија и прв македонски митрополит.

Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја.

Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал.

Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!? Проектот за црквата „Св. Стефан“ бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”.

Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг.

Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот!

Целата сторија прочитајте ја TУКА.