Пејачката Јелена Карлеуша остана без мајка и Дивна Карлеуша, која пред два дена за жал не напушти после долга борба со тешката болест. Јелена откако ја слушна веста е во лоша состојба, под дејство на лекови, лелека и плаче по мајка и. Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ штом слушна дека неговата баба не напуштила, тргнал од далечната Кина, како би бил со сопругата. Како и е на Јелена најдобро знае Душко кој пред шест месеци остана без едниот родител, татко му Милорад. Фудбалерот не може да заборави дека Јелена цело време тогаш била крај него, и не се одвојувала од него. За време на поворката чекорела со сопругот, држејќи го за рака.
Душко, веста за татко му ја затекна ов Кина, исто како сега, но во обата случаја тој побрза да се врати во Србија, за да присуствува на последното испраќање на татко му, а сега и на мајката на Карлеуша.
Душко Тошиќ денеска околу пладне пристигна во Србија, а како што дознава српски Курир, откако два часа престојувал во семејата куќа со Јелена, тој седнал во автомобилот и заедно со менаџерот на Јелена, Зоран Бирташевиќ се одвезол некаде. Имено тој на себе ги превзел сите обврски и организацијата за последното испраќање на Дивна.
Јелена и Душко делат иста тага и болка, иста судбина. Фудбалерет најдобро ја познава болката кога губиш родител.