Овен (21.03 – 20.04)
Денот не е поволен за експериментирање, па затоа седете си мирни. Ќе се чувствувате како да стоите казнети во ќоше. Но тоа чувство брзо ќе исчезне. Во љубовта се е во најдобар ред.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе имате приватни проблеми, па деловните воопшто нема ни да ве интересираат. Родителите и семејството ќе ве обврзат со една потешка задача. Саканото лице ќе ви се налути, па ќе биде потребно да му се извините.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Немојте да ризикувате или да се коцкате со нешто што можете да го загубите. Доколку сте калкулирале помеѓу две личности, денес ќе треба да се одлучите за една.
Рак (22.06 – 22.07)
Оние со приватен бизнис ќе имаат потешкотии. Ќе морате да почитувате одредени процедури. Вашата емотивна ситуација не е сјајна, а вие го знаете тоа.
Лав (23.07 – 22.08)
Доколку сте планирале деловно патување, можни се компликации. Работите ќе се одвиваат побавно од очекуваното. Ќе имате мала блокада во комуникацијата со саканото лице.
Девица (23.08 – 22.09)
Поведете сметка за своите финансии. Можни се некои мали промени. Избегнувајте големи трошоци. Не се чувствувате комплетно покрај партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе имате пречки во работата, и тоа е нормално, па затоа не се нервирајте. Во љубовта многу сте емотивни, но и осамени. Пријдете му на лицето кое ви се допаѓа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Загрижени сте за некои проблеми кои ви се случуваат. Време е да им се посветите посериозно. Во љубовта ситуацијата е одлична, не можете да се одвоите од партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате тежок ден на работа, но благодарение на добрите колеги лесно ќе ви помине. Во љубовта стравувате за нешто, но без грижа наскоро проблемите ќе бидат решени.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат некои кочници на полето за работа. Нешто ќе ви создава проблеми, но не се нервирајте. Многу сте страствени и подогтвени сте на саканото лице да му ја покажете страната која не ја познава.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не се бавете денес со никакви документи. Подобро е да се држите до вообичаените работни задачи. Некое време уживавте во љубовта, сега ви станува досадно.
Риби (20.02 – 20.03)
Можете да очекувате мали финансиски потешкотии. Ќе ви биде потребно време да се ослободите од одредена ситуација. Доколку имате проблеми со љубомората, време е со саканото лице да поразговарате за тоа.