Александра од „Брза кујна“ секогаш ја фали свекрвата, ама сега се спакува и заврши со заедницата

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Александра Илиевска која најмногу стана препознатлива како лик и домаќинка на кулинарското шоу „Брза кујна“, во едно од поновите изданија откри детали од приватниот живот.

Познато е дека Александра не е многу наклонета кон готвењето, што често знае искрено да каже пред камерите, а пак шеф Никола да ја искритикува дека од толку многу емисии научила малку за гастрономијата.

Причината за тоа е дека Александра досега живееше во заедница со мајката на нејзиниот сопруг, односно свекрвата, која беше главна во кујната. Па така, кога снаата и синот си доаѓаат дома по работните обврски, ручекот е веќе на масата подготвен за нејзите сакани.

Александра многупати знае да каже дека со свекрвата функционира одлично и дека таа е маестрален готвач.

Но, во една од поновите емисии изјави дека повеќе не се во заедница, па сега свекрвата за која има толку многу пофални зборови, ќе и препушти на снаата сама да ги извршува овие домашни обрври на домаќинка.

Имено, Александра Илиевска и нејзиниот сопруг Александар од неодамна се преселија во нов дом, а веруваме дека сега е време таа да се покаже пред сопругот што научила од саканата свекрва и секако шефовите Марк и Никола.

Извор: Вистина.мк