Уште една држава ги укинува визите за нашата земја

ИЗВОРСкопје24
|

Претседател Петро Порошенко потпишал за привремено воведување на безвизен режим за влез и транзит низ Украина за граѓаните на Северна Македонија, дознава ТВ21.

“Во периодот од 16 март 2019 година до 15 март 2020 година се воведува безвизен режим за Украина и транзит низ територијата на Украина за граѓаните на Република Северна Македонија, ако нивниот престој во Украина не надминува 90 дена во рок од 180 дена”, се вели во документот.

Оваа одлука треба да донесе подобрување на пријателството меѓу Украина и Република Северна Македонија како и интензивирање на билатералните контакти во областа на меѓусебните односни и намерите за продолжување на соработката за либерализација.

Инаку, Македонија е на 43-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи Henley Passport Index за 2019 година.

Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 125 земји.

Од земјите во регионот, пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на седмото место, Словенија е на 11. место, Бугарија е на 19-то, Хрватска е 20, по неа е Србија на 40. место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина на 49, Албанија на 50, а најслабо рангирано е Косово на 90. место.

Најмоќен пасош има Јапонија, а по неа се Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.

На дното на листата од вкупно рангирани 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, и Авганистан и Ирак.