Не се бричел 911 денови, а потоа одлучил да ја изненади сопругата: Погледнете ја нејзината реакција

ИЗВОРСкопје24
|

Канаѓанецот Џон и неговата сопруга, русинката Ева, поминале 911 дена, помеѓу 2015-та и 2018-та година, патувајќи низ светот. Пропатувале низ 33 различни земји, а за време на целото патување, Џон воопшто не се бричел.

После враќањето, одлучил целосно да ја избричи брадата и да ја изненади својата сопруга, а нејзината непроцелнива реакција ја снимил, па станала хит на социјалните мрежи. Снимката ја објавил на својот Јутјуб канал, на почетокот на септември минатата година и досега добрала повеќе од 3,6 милиони прегледи.

Пред неколку дена снимката повторно станала вирална, откако на Фејсбук ја објавил The Lad Bible, а и самите може да погледнете зошто многумина се воодушевиле.

Една недела пред да ја објави реакцијата на својата сопруга, Рон на Јутјуб објавил и видео со „времеплов“ од неговата брада, а на таа снимка собрал повеќе од 33 милиони прегледи.