Владата на Исланд ќе плаќа по 5000 долари на секој маж што ќе се ожени со жена од Исланд.
Малата островска земја на северот на Европа , позната по вулканите, фјордовите и дивата природа се обидува на секој начин да ја зголеми својата популација.
Имено исландската влада планира да го зголеми бројот на население, кој во последните неколку години е во константен пад. Проблемот да биде уште поголем, во константен пораст е женската популација на Исланд, па од година во година се зголемува бројот на жени кои не можат да пронајдат маж.
Поради сето ова владата на Исланд се обидува на многу интересен начин да го реши проблемот.
Исландската влада одлучи на почетокот на следната година да им подари по 5000 долари на сите мажи кои се подготвени да се оженат со жена од Исланд.