„На Карлеуша и е тешко и повторува дека нема да го преживее заминувањето на мајка си…“

ИЗВОРСкопје24
|

Српската фолк пејачка со години вешто ја криела болеста на својата мајка од јавноста, а наводно тешко се справува со нејзиното заминување поради што сериозно и било нарушено здравјето…

Српската пејачка Јелена Карлеуша (40) е „скршена“ поради заминувањето на мајка си, Дивна Карлеуша, бивша новинарка и радио водителка. Како што дознава Курир, блиски пријатели на пејачката откриле како изгледале последните месеци во нивното семејство.

„На Дивна и беше многу тешко. Таа беше болна од р*к на белите дробови, а силните терапии на кои Јелена ја водела и го продолжиле животот, но не и квалитетот на истиот. Страшно се мачела, болеста полека ја убивала, а последните месеци и било посебно тешко“, рекол извор близок до семејството на Карлеуша и додал дека пејачката својата мајка ја водела насекаде за да и помогне да ја добие тешката битка за живот.

„Јелена својата мајка ја водеше во светски водечки болници и поликлиники. На крајот се одлучила за позната приватна клиника во Турција каде заедно со неа одела на зрачење, хемотерапија, но и на редовни месечни контроли. Што и да слушнала а би можело да и помогне на Дивна, од лекови, препарати, витамини, ама што и да е, Јелена сето тоа го купуваше, не прашувајќи за цената“, раскажал извор за српски курир.

„Иако дала 100 отсто од себе и била покрај мајка си до последниот ден, Јелена сеедно не може да прифати дека мајка и ја напуштила. Постојано се преиспитува дали можеби можела за неа да направи уште нешто и упорно повторува дека нема да може да го преживее прераното заминување. Покрај неа во овој момент е сопругот Душко, но тој ќе мора да се врати во Кина поради професионални обврски па Јелена се плаши што ќе биде кога со децата ќе остане сама во Белград. Поради тоа размислува да оди кај него во Кина, но девојчињата тука одат на училиште, па и тука постои проблем. Не знае што ќе направи“, додал изворот за српските медиуми.

Имено, веќе порано се зборуваше дека Карлеуша после испраќањето на мајката има намера да си замине од Србија бидејќи наводно не може да ја поднесе тешката ситуација во која моментално се наоѓа.