Српската пејачка, Јелена Карлеуша не може да се помири со заминувањето на својата мајка, Дивна. Таа постојано доаѓа на нејзиното вечно почивалиште и гледа во нејзината слика.
Така било и вчера за најголемиот празник на жената 8 март, кога за жал Јелена се појавила таму сама.
Подоцна и се придружила и нејзината тетка, сестрата на Дивна.
Инаку, Јелена секој 8 март и приредувала изненадување на мајка си, но овој пат за жал само можеше да однесе цвеќе на нејзиното вечно почивалиште.
Денеска во српските медиуми пак се пишува за тоа кому Дивна го оставила своето богатство. Таа поседувала куќа во која живеела и која ќе биде предмет на тестаментот кој наскоро ќе биде отворен.
Како што тврдат пријателите на Дивна, таа сакала куќата да им ја остави на внуките Атина и Ника за да имаат спомен од бабата, бидејќи била свесна дека Јелена и Душко доволно имаат заработено.
Според сознанија на Пинк.рс, состојбата на Дивна ѝ се влошила во саботата вечерта, кога била повикана и брза помош.
На Дивна ѝ се слоши во саботата и уште тогаш беше јасно што ќе се случи. „Брзата помош брзо реагираше, лекарите успеаја да ја смират ситуациајта, а на Јелена не сакаа да ѝ јават, зашто таа вечер имаше закажан настап во Австрија. Но, утредента околу пладне веќе ѝ немаше спас, брзата помош само ја констатираше ситуацијата“, изјавил извор близок на семејството.
Српските портали исто така објавија дека кога тажната вест го завила во црно домот на пејачката и фудбалерот, ЈК ги испратила ќеркит Ника и Атина кај золвата во Зрењанин.
„Јелена беше многу врзана за мајка си. Тие двете имаа посебен однос, па и Ника и Атина многу време минуваа со баба им. Сакаа да бидат со неа, зашти им угодуваше за сè. И самата таа често велеше дека е најгордата баба зашто има прекрасни внуки. Затоа и Јелена одлучи барем на кратко да ги тргне децата и да ги заштити од траумата. Не сакаше да присустввуаат на потресните сцени, но планира утре да оди и да ги земе“, рекол доброупатен извор од семејството на пејачката.