Баба и дедо одлучиле да ја продадат куќата по 76 години – купувачите останале запрепастени од глетката

ИЗВОРСкопје24
|

Пред точно 76 години, најстариот австралиски брачен пар, Том (103) и Џин (100) купиле куќа во Сиднеј во која живееле со своето семејство сè до минатата година.

Тие одлучиле да се преселат во дом за стари лица, а куќата да ја стават на пазарот за продажба. Потенцијалните купувачи, а потоа и луѓето ширум светот останале фасцинирани од тоа што куќата била затекната во својата оригинална состојба, односно дека во неа од 1938 година ништо не е променето.

Мебелот, техничките уреди и сите други работи во домот биле истите како и пред 76 години.