Не си Македонец ако немаш некој кредит. За реновирање, за нов автомобил, за патување, за свадба или матура. Секоја веселба кај поголемиот дел од Македонци се прави со пари позајмени од банка. Барем сега е лесно, велат некои.
Во минатото ако ти требаат пари се позајмуваш од најблиските, а денеска одиш до најблиската банка, и за еден ден, веќе ги имаш парите на рака.
Многу македонски свадбени ора денеска се играат на рати. Многу родители се решаваат да прават голема свадбена веселба, да се покажат пред роднините и пријателите, па се одлучуваат на чекор да земат поголем кредит, а потоа истиот да го враќаат со години.
Примерот на чичко Зоран од Скопје, е токму поврзан со свадбениот кредит. Тој има една ќерка. Таа решила да се мажи, но пустата, просечна македонска плата не дозволува да си дозволиш нешто повеќе во животот, туку само од месец за месец, па така истит се одлучил свадбената веселба да ја прави со подигање кредит. Бидејќи има ќерка единици, решил да прави голема свадба. Поканиле околу 250 луѓе. Тој од банката земал кредит од 5.000 евра. И се било добро, додека еден еден ќерка му, не се појавила на неговите врата со нејзините ствари во раце.
-Мислевме дека се е во ред. Земавме кредит. Направивме голема свадба. Имавме околу 500 луѓе заедно и од двете страни. И купивме голема спална соба. Но залудно беше. Бракот траеше само една година. Таа се врати кај нас дома, а јас се уште го плаќам свадбениот кредит, вели чичко Зоран.
Дека браковите денеска се кратки, а разводите многу брзи покажува и овој пример, кој е само еден од многуте во Македонија.
Извор: Скопјеинфо