Полицаец од градското подрачје Ворхес, кое се наоѓа во американската држава Њу Џерси, на 7 месеци бремената келнерка Кортни Кадиган и оставил великодушен бакшиш и попатно и посакал многу среќа со првото дете.
Кадиган, која треба да се породи на 1-ви април оваа година, го послужила полицаецот кога во петокот дошол во ресторанот Ламп Пост Динер. Сметката на полицаецот тој ден изнесувала 8,75 долари, а тој на келнерката и оставил бакшиш од 100 долари и порака на која пишувало: “Уживајте во првото, никогаш нема да го заборавите”.
Полицаецот сметката со пораката и бакшишот ги оставил кај благајната, па заминал од ресторанот без да ѝ каже ништо на девојката.
“Благодарна сум за љубезноста на полицаецот”, рекла девојката и додала: “Благослов е да се сретне личност како него и засекогаш ќе му бидам благодарна”.
Нејзиниот татко, Брајан Кадиган, на својот профил на Фејсбук во саботата објавил фотографија од сметката и пораката на полицаецот, кој посакал да остане анонимен.
“Секогаш слушате колку се полицајците лоши, како се однесуваат лошо кон вас, како ја злоуоптребуваат моќта. Да, сигурен сум дека има и такви, меѓутоа повеќето само ја работат својата работа. Тие доаѓаат во контакт со најлошите членови на општеството и тоа го прават секој ден. Ги ризикуваат животите секој ден за да го спроведат законот”, напишал Кадиган на Фејсбук.
You always hear about how Bad the Police are, How They treated you like dirt, how they are on a Power Trip, Yes I am…
Gepostet von Brian Cadigan am Samstag, 16. Februar 2019
Кортни рекла дека со полицаецот не разговарала многу и дека мисли дека тој начул дека тоа и е прво дете. Додала и дека помислила дека ја видел како се мачи, со оглед на тоа дека е во седмиот месец од бременоста.