Доаѓа поларниот циклон Викторија- Ветер од над 90 км/час, дожд, снег и бела покривка

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во понеделник со спуштањето на значително постудената воздушна маса од север која ќе се судри со топлата која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, ќе дојде до формирање на циклон којго носи името Викторија и уште утре доцна попладне и навечер ќе има слаб локален дожд а ќе дува и умерен, на некои места и тоаособено на запад засилен ветер од југозападен правец, во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе се интензивираат и ќе ги има на повеќе места а има услови и за ретка нестабилност проследена со грмежи додека пак на планините и на повисоките места поради заладувањето ќе започнат врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер кој ќе услови температурите на воздухот да опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на сегашните.

Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради драстичнбото заладување услови за повремени врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри што значи послаби врнежи од снег се можни понекаде и низ населените места во државава а ќе дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 90 км/час.