Јелена Карлеуша донесе одлука: Мајка и беше центарот на светот и еве што ќе направи со нејзината куќа и нејзините работи

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша одлучи домот на својата мајка Дивна никогаш да не го продаде и сака засекогаш да го сочува споменот на познатата водителка на Радио Белград.

Јелена отсекогаш говорела дека мајка и е нејзиниот центар на светот, па нејзиниот губиток многу тешко го поднесе. Таа цврсто реши куќата на мајка и никогаш да не ја продаде а нема да допре ниту една работа која мајка и ја имала во својот дом. ЈК сака се да остане недопрено, за да се потсетува на мајка и кога ќе дојде да го посети тој дом, изјави близок пријател на пејачката.


Дивна не сакала да замине од таа куќа. Јелена и нејзиниот маж Душко сакаа да и купат луксузен стан но водителката не сакаше ниту да чуе за тоа.

Таа куќа е на крајот од една слепа улица и таму го наоѓала својот мир кој не сакала никој да и го попречува, објаснува изворот и додава дека Јелена, кога родителите и се развеле живеела со мајка си и детството го поминала токму во таа куќа.