Дали претера? Нема да верувате што и кажа Марија Шерифовиќ на Вики Миљковиќ во Ѕвездите на Гранд

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на последната емисија на Ѕвездите на Гранд дојде до жестока расправија помеѓу Вики Миљковиќ од едната страна и другите членови на жирито од другата страна.

Имено еден од учесниците Бенјамин Кличиќ, на кого ментор му е Вики, и порано во шоуто го прозиваа дека премногу личи на Недељко Бајиќ – Баја, повторно помина неславно и во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

– Дечкото и кога зборува го прави тоа како Баја – го бранеше Вики.

– И ти на таков човек му го даде да го пее Баја? Па, Вики ти имаш коефициент на интелигенција 33 – беше груба Марија Шерифовиќ.

Расправата продолжи уште неколку минути, а ја заклучи Марија Шерифовиќ.

– Мораш да се пронајдеш себе иначе секогаш ќе бидеш лоша копија на Баја, а тоа е смешно. Со таков став нема ништо да направиш – беше директна Марија.