Ако сте од оние кои уживаат во топлото време и сончевите денови, не се разочарувајте.
Студеното време ќе се задржи само до петок. Најавите за денеска се облачно, студено и ветровито ќе биде во текот на целиот ден. Метеоролозите најавуват дека ветерот наместа ќе биде засилен и ќе достигне брзина и над 90 километри на час. Засилен ветер имаше и во текот на ноќта со брзина меѓу 50 и 60 километри на час во Скопје на Зајчев Рид, Овче Поле и Пелагонија.
Врнежи од дожд ќе има локално на пониските места, а на некои места како Полог и Пелагонија снег. Врнежи од снег ќе има на планините и на местата над околу 500 метри надморска висина. Врнежите претпладне ќе се задржат главно на југот од земјава.
Температурата ќе биде во интервал од три до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно и ветровито, претпладне со повремен дожд. Ќе дува силен северен ветер. Температурата околу пет степени.
Веќе од викендот повторно ни се враќа пролетта.
Веќе во недела чекајте максимални над 20 степени во Скопје и над 23 низ Македонија.
Најтопло ќе биде во среда кога се најавуваат 25 во Скопје и до 28 во јужните делови на земјата.
Целата наредна недела ќе биде исклучително топла и сончева.