Славче Таневски, дизајнерот од Штудгарт: Избришете го моето име од секаде каде се споменува Северна Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Славче Таневски, Македонецот дизајнер кој работи во Мерцеддес, се обрати до агенцијата за иселеништво со молба да не го користат неговото име во било какви промоции, бидејќи тој не сака да биде ставан во контекст со Северна Македонија.

Статус на Славче Таневски:

“Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат “северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели.

Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!
Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример!”

И Македонската заедница од Австралија го отфрла името „Северна Македонија“ за својата татковина и бара демократизација на австралиската надворешна политика.

„Македонската заедница од цела Австралија почна кампања за поддршка на Република Македонија, нелегално преименувана во Северна Македонија како предуслов за потенцијален влез во сè поавторитарните, негаторски и недемократски НАТО и ЕУ. Македонската заедница уште еднаш побара од Австралија да ја признае Македонија под нејзиното уставно име.

Таа, исто така, ги повика министерката за надворешни работи Мариз Пејн и сенаторот Пени Вонг да се посветат на демократизацијата на австралиската надворешна политика и на етичката дипломатија. Ова е важно бидејќи од 1994 година до денес надворешнополитичките одлуки што имаат влијание врз Република Македонија и австралиската македонска заедница се направени зад затворени врати од страна на главните политички партии во Австралија, без консултации или можност за заедницата и за граѓанското општество да влијаат на длабоко нарушената надворешна политика“, се вели во заедничкото соопштение на австралискиот огранок на Обединета македонска дијаспора и на Совет на македонската заедница од Мелбурн и Викторија.

Двете организации на македонската дијаспора на петтиот континент го критикуваат Одделот за надворешни работи и трговија (ДФАТ) на Владата на Австралија за одлуката од минатата седмица да ѝ се обраќаат на земјата како на Северна Македонија и на дипломатската листа да ја префрлат од групата земји на Ф (ФИРОМ) во Н (НМ).

„Австралија се гордее со промовирањето на демократијата, на човековите права и на владеењето на правото на меѓународната сцена, но не ги исполнува овие стандарди во реалноста во своите политики и практики кон Република Македонија и кон големата македонска дијаспора во Австралија“, вели во писмото Зоран Здравески, претседател на Совет на македонската заедница од Мелбурн и Викторија.