3.209 евра е платата во Германија во просек за луѓето кои работат со полно работно време, и за нив се плаќаат придонеси.
Луѓето со германски државјанство земале по 3.294 евра, а странците 2.463 евра, или разликата е 22%. Луѓето кои доаѓаат како азиланти земаат пониски плати.
Но, разлика има и меѓу странците. Мали плати земаат работниците кои се дојдени од Сирија, Авганистан, Иран, Ирак, Нигерија, Пакистан, Сомалија, Еритреја.
Тие бруто добиваат по 1.839 евра месечно. Дури и да имаат иста работа, исто знаење и квалификации, странците земаат помали плати.
Сличен јазик има и меѓу луѓето кои се со високо образование. Германците со високо образование заработуваат по 5.333 евра бруто месечно, а странците 4.960 евра бруто.