„Онур и Шехерезад“ заедно ја пееја „I love you baby“: Бергузар пее одлично, ама не и Халит (ВИДЕО)

|

Славната турска брачна двојка, Халит Ергенч и Бергузар Корел или попознати како Онур и Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, се почесто се гости на разни свечени настани во Истанбул.

Бергузар освен како актера е истакната пејачка во Турција, а пак нејзиниот сопруг не ретко знае да се качи на сцената и да запее заедно со неа.

Сепак, како што е талентиран пред камера, тоа не е случај и пред микрофонот кога ќе запее, но затоа е тука неговата сакана Бергузар за да го „покрива“.

На Инстаграм се појави нова снимка додека јго пеат хитот „I love you baby“.

Погледнете како изгледаше тоа ТУКА.

Инаку, по завршувањето на снимањето на серијата „Vatanim sensin“ или „Далеку од дома“ која моментално ја гледаме во македонскиот етер, турската актерка Бергузар Корел снимаше филм со наслов „Bir ask iki hayat“.

Таа има нов партнер кога е во прашање професијата пред камера, а овој пат наместо нејзиниот сопруг Халит Ергенч, таа улога му припадна на турскиот актер Енгин Акјурек.

Периодов се активни со промоција на филмот низ Турција како што веќе известувавме, а Бергузар со секое свое издание воодушевува. За жал сопругот не ја придружува секаде, но кога и да излезат заедно тие го привлекуваат целото внимание на публиката.

На социјалните мрежи веќе се појавија некои интересни фотографии со сцени од филмот, па така главната актерка повторно можеме да ја видиме облечена во бел невестински фустан.

Косата уште пред некој период ја скрати, можеби токму поради барањата на овој филм, но мора да признаеме дека таа во секоја улога изгледа прекрасно.