Тоа беше најголемата потера во историјата: Сите го познаваа овој автомобил, но одеднаш исчезнал без никаква трага (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

На 17. јуни 1994 Американците беа заковани пред своите телевизори, бидејќи во живо се пренесуваше најголемата потера во историјата.

Орентал Џејмс попознат како О. Џејмс Симпсон морал да и се предаде на полицијата.

Меѓутоа Симпсон почнал да бега, и во почетокот на бегството полека се движел по калифорнискиот автопат. Наводно неговиот пријател Ал Каулингс бил шоферот, а Џејмс бил на совозачкото седиште.

Подоцна во автомобилот се пронајдени пари, пасошот на Симпсон, лажна брада, бркови и лепак за нив. Потерата траела околу 1 час.

Автомобилот со кој двоецот бегал бил озлогласениот „форд бронко“ кој подоцна без никаква трага исчезнал. Симпсон имал ист таков автомобил кој бил запленет и уништен.

Каулингс бил уапсен бидејќи му помагал на бегалецот. Кога излегол од затвор сакал веднаш да се ослободи од автомобилот.

Му дошол колекционер Мајкл Кроник кој му понудил неверојатни 75.000 долари за колата – договор кој веднаш го потпишал Каулингс. Но кога дошол моментот да се најдат Каулингс не се појавил и договорот отпаднал.

Се верува дека Каулингс се плашел на не почнат да го поврзуваат со криминалите кои ги правел Симпсон.

После сите овие случувања кај Каулинг дошол Мајк Гилберт, некогашниот агент на Симпсон и му платиле 75.000 долари за автомобилот. После ова „бронко“ поминал 17 години во гаража каде што го одржувале но минимално го користеле. Гилберт на новинарите им кажал дека по потерата автомобилот е возен само десетина километри. Иако кажува дека многумина му нуделе големи пари, некои дури и 275.000 долари, автомобилот не бил продаден.

Во 2012 година Гилберт запознал човек кој бил поврзан со хотелот „Луксор“ во Лас Вегас. Тој го прашал дали може да го изнајми автомобилот за да биде дел од спортска изложба на автомобили. Гилберт се сложил и автомобилот стоел пред „Луксор“ неколку месеци.

После одредено време автомобилот му е вратен и повторно стоел во гаража. По 23 години познатиот американски водител Харисон сакал да го купи автомобилот. Гилберт прво прво побарал 1,23 милиони долари, а потоа 1.25 за возило.

По долго преговарање Харисон рекол не. Гилберт тоа премногу и не го погодило и рекол дека нема да го продаде автомобило за помалку од милион долари, бидејќи некогаш ќе ја достигне таа цена. Гилберт се договорил за изнајмување на автомобилот во музеј во Тенеси, каде што и ден денес можете да го видите.