Професионалка во кревање тегови станала хит на Интернет поради лудото симетрично тело, според тоа како нејзината мускулатура ја опишаа многу од нејзините 53.000 следбеници на Инстаграм.
Ан Да Јонг од Кореја на своите фанови им покажа како тренира, а снимката која ја објави предизвика бројни реакции. По обичај, добила многу комплименти на сметка на своето извајано тело и мускули, но некои го забележале и нејзиниот струк.
“Тие големи мускули и тој мал струк”, “Вау, колку ти е тенок струкот”, “Супермен се врати, само со потенок струк”, се само дел од коментарите на снимката од 30 годишната Ан. А, зошто нејзиниот струк се најде во центарот на вниманието, можете да погледнете подолу.