Бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана денеска.
Според објавената одлука, од полноќ, литар ЕУРОСПУЕР 95 ќе се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапува за 1 денар, од полноќ се точи по цена од 67,5 денари по литар.
Дизелот станува поевтин за половина денар и од полноќ на бензинските пумпи низ Македонија ќе се продава по цена од 60,5 денари по литар.
За потсетување со претпоследната промена бензините поскапеа за 2 денари по литар, а дизелот за 1 денар.
Според тоа, ЕУРОСУПЕР БС 95 чинеше 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 66,5 денари.
Литар дизел се продаваше по цена од 61 денар.