Исчезна 16- годишно девојче од Скопје: Во телефонски разговор рекла ќе се врати, но се уште ја нема

ИЗВОРСкопје24
|

Синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 47- годишната Б.П од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16 ч. од домот се оддалечила нејзината 16- годишна ќерка О. П.

Од МВР соопштуваат дека откако пријавила во полиција, Б.П. телефонски стапила во контакт со О.П и таа рекла дека ќе се врати дома, но до објавувањето на извадокот тоа не го сторила.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така Марика Гиовска од скопската населба Маџари е исчезната.

Нејзиното семејство ја контактираше редакцијата на КУРИР и информира дека госпоѓата го напуштила домот рано утрово.

83-годишната Марика има здравствени проблеми и не знае сама да се врати дома.