Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 21 во Скопје, 12 во Маврово, 16 во Охрид до 22 во Кавадарци и 23 во Дојран.
Од задутре нов влажен и студен бран.
Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.