Важна вест за сите оние кои се возат со ЈСП

ИЗВОРСкопје24
|

Поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Бутел, од денеска автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената, информираат од ЈСП.

Возилата од булевар „Христијан Тодоровски Карпош” ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам”, потоа десно по улица „Кемал Сејфула”, а оттаму секој по својата утврдена траса.

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае седум дена, се наведува во соопштението од ЈСП.

Од април билет за едно возење во автобусите на ЈСП „Скопје“, картичката „Скопска“ со нов дизајн

Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани, а во употреба остануваат и картичките со стар дизајн.

ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“ останува иста како и на старите картички. Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.

Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.

ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт-уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.

Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.