Детална временска прогноза до крајот на неделата – каков викенд не чека

ИЗВОРСкопје24
|

И утре како и денеска ќе имаме сончево време со умерена облачност, локално ќе има и повремена позначителна облачност а само на југ и југоисток има услови за слаб локален дожд додека температурите на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20.

Веќе за време на викендот повторно поради позначителен продор на топол воздух од југ ќе имаме пораст на температурите и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени а времето ќе биде стабилно и сончево а само во недела доцна попладне особено на планинските места на запад има услови за слаб и краткотраен дожд.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој во четврток повремено ќе засилува на интензитет.

Во мај просечната температура, исто така, ќе биде повисока за еден до два степена, а во источниот дел од земјата ќе биде потопло за два до три степени. Средната месечна температура се очекува да биде од 14 до 16 степени, а во планинските области од 12 до 14.

Очекуваните месечни врнежи и во април и во мај се 50-100 мм. Во април тие ќе бидат под просекот во западниот дел (до 25 отсто), просечни долж Повардарието, а над просекот во источниот дел на земјата (до 25 отсто). Помалку од просечните месечни врнежи речии во целата држава се очекуваат во мај, со исклучок на источните делови.

Од УХМР напоменуваат дека е можна појава на локални настани и препорачуваат редовно следење на прогнозата.

– Поради хаотичната природа на атмосферската циркулација, не е можно да се предвидат варијациите на дневна основа на одредена локација неколку месеци однапред. Дури и точното предвидување на просечните вредности, како што е просечната температура за даден месец е исклучително тешко, така што во најголема мерка за сезонските прогнози зборуваме во смисла на најверојатните отстапувања од просечните вредности – појаснуваат од УХМР.